Компанијата Xiaomi претстави два нови уреди за глобалниот пазар, а тоа се Poco F4 и Poco X4 GT.
Poco F4 е претежно ребрендиран Redmi K40S, кој го покренува Snapdragon 870 процесор, има OLED екран, глава за камера со оптичка стабилизација и поддржува брзо жичено полнење. Неговата цена изнесува 399 евра.
Што се однесува до Poco X4 GT, тој чини 379 евра, а има процесор MediaTek Dimensity 81000, LCD екран од 6,6 инчи со брзина на освежување од 144 Hz, батерија со голем капацитет и поддржува брзо жично полнење.
Процесорот Snapdragon 870 во моделот F4 е преземен од Poco F3 и поддржува 5G мрежа. Уредот доби 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 1080p и стапка на освежување од 120 Hz, а одзади има главна камера од 64 MP со оптичка стабилизација, што не е вообичаено за уредите од средната класа. Заедно со оваа камера, има и ултра широка 8MP и макро камера од 2MP. Смартфонот се напојува од батерија од 4.500 mAh која поддржува брзо полнење од 67 W, додека во пакетот доаѓа и полнач. Во комбинација со 6 GB RAM, Poco F4 делува и се однесува како многу поскап телефон, но се оддавата со сјајна пластична задна плоча, како и страничен сензор за отпечатоци. Овој уред го користи Miui 13 корисничкиот интерфејс на Xiaomi преку Android 12.
Poco X4 GT е повеќе фокусиран на гејминг, има 8 GB RAM и LCD екран од 144 Hz кој не е толку „богат“ како OLED, но има повисока стапка на освежување и побрза стапка на земање примероци на допир. Се напојува од поголема батерија од 5.080 mAh која поддржува брзо полнење од 67 W, а полначот доаѓа во пакет. X4 GT користи главна камера од 64 MP, но без оптичка стабилизација на сликата.
Телефонот веќе ја има инсталирано играта Genshin Impact која функционира совршено. Сепак, по неколку минути, уредот се загрева, но не премногу бидејќи технологијата за ладење на Xiaomi врши добра работа.
Новите модели на Poco ќе бидат пуштени во продажба во Азија, Европа и Велика Британија од 27-ми јуни.