Chromebook лаптопите стануваат се почест избор и за домашните корисници, па добра вест е што Google активно работи на функции кои го подобруваат искуството на Chromebook со вашиот телефон со Android.
Така, Google ја објави верзијата 103 на ChromeOS, што дополнително ги намалува бариерите помеѓу Chromebook и Android. На пример, функцијата Phone Hub добива нов додаток, со кој корисниците лесно можат да пристапат до фотографиите направени со паметен телефон.
Како што објави The Verge, ова е лесен начин за корисниците да избегнат испраќање фотографии преку е-пошта или слично, а добрата вест е што оваа функција работи дури и кога интернет-врската не е достапна.
Компанијата во функцијата Nearby Share додаде и можност за поврзување на Chromebook со која било Wi-Fi мрежа на Android телефон. Имено, тоа е можност која iOS и Mac уредите ја имаат веќе подолго време за лесно поврзување на интернет.
Уште повеќе, кога веќе се споменува Apple, новите додатоци на Google за ChromeOS всушност во голема мера се совпаѓаат со оние што веќе ги има екосистемот на Apple. Компанијата најавува дека во текот на 2022 година ќе објави повеќе корисни додатоци за уште подобра врска помеѓу Chromebook и Android.