Microsoft се подготвува да испрати потсетници до корисниците на Windows 8.1 дека крајот на поддршката за оваа верзија на оперативниот систем ќе заврши на 10 јануари 2023 година.
Од следниот месец софтверскиот гигант ќе испраќа известувања до постоечките корисници на „Windows 8.1“, како прв потсетник за крајот на поддршката. Известувањата ќе бидат слични на оние што ги користеше „Microsoft“ за да ја прекине поддршката за Windows 7.
Компанијата претходно ја прекина поддршката за Windows 8 во текот на 2016 година, додека ажурирањето на Windows 8.1 ќе добие поддршка до јануари следната година. После тоа, програмата Extended Security Update (ESU) за Windows 8.1 повеќе нема да се нуди, па бизнисите нема да можат да плаќаат ниту за дополнителни безбедносни ажурирања.

