Шведската компанија IKEA понуди нова практична помош за своите купувачи.
IKEA веќе им нуди можност на клиентите преку AR технологијата да погледнат како би можел да изгледа новиот мебел во нивниот дом, а сега има нова апликација за вештачка интелигенција за уредите со iOS, што е голем чекор напред. Станува збор за IKEA Creative апликација, која ја скенира собата со LiDAR сензор и прави целосна 3D реплика, а потоа му овозможува на корисникот да го избрише/извади постоечкиот мебел и наместо тоа да ги „испроба“ новите IKEA софи, кревети, маси и слично. Ова им дава на клиентите подобар увид во изгледот на мебелот во нивниот дом.
Скенирањето се врши со помош на скенерот за креативни сцени, кој користи LiDAR сензор, доколку iPhone уредот го поседува. Работи и со моделите на iPhone и iPad кои немаат LiDAR, но со него е можно е да се добијат „дополнителни просторни детали“.

Оние кои немаат LiDAR треба да прикачат серија фотографии од собата кои автоматски се обработуваат и составуваат во интерактивна реплика на широкоаголен простор со прецизни димензии и перспектива. Потоа следи бришење/отстранување на постоечкиот мебел и позиционирање на новиот мебел од IKEA. На овој начин, алтернативите може брзо да се тестираат и да се направи комплетен редизајн на просторијата. Сите идеи може да се складираат или споделат со други корисници. Секако, апликацијата ви овозможува да ги додадете саканите производи во количката.
За оние на кои им е потребна инспирација, IKEA препорачува 50 нови 3Д изложбени простори кои ви овозможуваат виртуелно да прелистувате каталози и да тестирате производи во 3D опкружување, како и брзо менување, преместување, ротирање, складирање и закачување производи на IKEA.
Апликацијата е нов хај-тек потег на шведската компанија, која исто така влегува во светот на метаверзумот.


