На залихите на дистрибутерот најмногу останаа телефони од Galaxy A серијата на Samsung, која е прилично популарен избор меѓу корисниците
Samsung има речиси 50 милиони паметни телефони на залихите на дистрибутерире. Тоа се уреди кои чекаат некој да ги купи, но побарувачката за нив е очигледно – слаба.
Како што открива корејскиот портал The Elec, повеќето смартфони од средната класа А на Samsung остануваат на залиха, која инаку е наменета за корисници со помали барања. Станува збор за модели како Galaxy A03s, A13, A32 5g, A52s и други.
Понатаму, извори на The Elec забележуваат дека Samsung има намера да испорача околу 270 милиони паметни телефони оваа година, а 50 милиони уреди на залиха сочинуваат само 18 проценти од таа бројка. Бројо, на како што велат, „здрави“ акции би бил под 10 отсто, што значи дека очигледно има проблем со побарувачката.
Уште еден доказ за намалената побарувачка е фактот што Samsung произведе околу 20 милиони телефони еден месец порано оваа година, за да ја намали таа бројка на околу 10 милиони во мај. Помалата побарувачка, исто така, го натера јужнокорејскиот производител да ги намали нарачките на компоненти од снабдувачите за 30 до 70 проценти од април до мај.
Се наведува дека причина за намалената побарувачка е новиот локдаун поради Ковид-19 во Кина, војната во Украина, зголемената инфлација и зголемените цени на суровините потребни за производство.