Компанијата Xiaomi пред речиси еден месец во Кина ја претстави својата нова фитнес нараквица, Smart Band 7. Од вчера оваа алка е достапна ширум светот, па сега е вистинското време да погледнеме какви подобрувања донесува и дали ви е потребен најновиот модел.
Технички карактеристики
Како што пренесува порталот Pocketnow, некои од најважните технички спецификации на новата фитнес нараквица Xiaomi Smart Band 7 се:
- AMOLED екран од 1,62 инчи со резолуција од 490×192 со поддршка за Always-on Display и осветленост од максимум 500 нита.
- Куќиште од поликарбонат
- Мотор со вибрации
- Батерија од 180 mAh која обезбедува до 15 дена користење без полнење
- Bluetooth 5.2 LE
Ова се сосема доволни подобрувања во однос на претходниот модел кој имаше екран од 1,56 инчи без Always-on функционалност со капацитет на батерија од 125 mAh.
Унапредени функционалности
Сепак, новата фитнес нараквица на Xiaomi, покрај подобрените технички детали, носи и подобрувања преку следните карактеристики:
- Систем за следење на кислородот во крвта
- Систем за следење на квалитетот на спиењето
- Систем за следење на пулсот
- Повеќе од 110 режими за различни спортови и Vo2 анализа на спортски активности (30 на Smart Band 6)
- Xiaomi Smart Band 7 е водоотпорен и притисоци од 5 атмосфери или длабочина од 50 метри.
Оваа фитнес нараквица е компатибилна со сите уреди со 6.0 верзија на Android оперативниот систем или понова, како и со уреди со iOS 10.0 и сите понови верзии на оперативниот систем на Apple.
Што се однесува до цената, потребно е да се издвојат 50,99 евра за основниот модел, додека моделот кој има NFC не е достапен за купување надвор од Кина. Засега не е познато кога овој уред ќе биде достапен на светскиот пазар.
Дали ви е потребна?
Ако сакате да имате фитнес нараквица со поголем екран и подобрено траење на батеријата, Xiaomi Smart Band 7 дефинитивно вреди за потрошените пари. Истото важи и доколку сте во потрага по првата фитнес нараквица што би ја купиле, бидејќи Xiaomi генерално нуди одлична вредност за парите.
Меѓутоа, ако веќе поседувате Xiaomi Smart Band 5 или 6, слободно продолжете да ги користите и почекајте уште една година за да видите што ќе донесе следната генерација на овие уреди.


