Вселенскиот телескоп на NASA, James Webb почна да ги собира првите научни податоци иако е во завршна фаза на подготовка.
Тимот задолжен за телескопот James Webb „одобри“ 10 до 17 начини на работа на научни инструменти додека се подготвува да започне со научни операции. Иако телескопот се уште е во завршна фаза на пуштање во употреба, тимот почна да ги собира првите научни податоци и да ги подготвува за објавување на 12 јули оваа година.
Овој датум „официјално ќе го означи крајот на пуштањето во употреба на телескопот Џејмс Веб и почетокот на рутинските научни операции“. Тоа ќе биде историска пресвртница и нова ера за астрономијата, кога телескопот ќе биде целосно оперативен речиси осум месеци по лансирањето. Телескопот ќе се користи за пребарување на знаци на вонземски живот, Земја 2.0 и истражување на некои од најраните познати ѕвездени системи во вселената.
Еден од клучните телексоп инструменти кој има неколку одобрени режими за набљудување е NIRSpec спектрографот, инструмент кој ги набљудува спектрите на астрофизичките и планетарните објекти на блиски инфрацрвени бранови должини.
Во периодот од неговото лансирање, тимот на NASA работеше напорно за да го доведе телескопот до неговата конечна орбитална позиција на околу 1,5 милиони километри од Земјата. Тимот го одврза телескопот и ги калибрира камерите и сензорите.
Досега видовме само фотографии направени за калибрација. NASA претходно ги објави првите фотографии направени од телескопот за време на процесот на усогласување.
Сега остануваат само уште неколку дена пред NASA да ги објави првите набљудувања на телескопот James Webb во живо.


