Oсигурувањето на живот не е недостижно ниту за една индивидуа и со редовни примања нема оправдување да не биде навреме договорено. Предноста на животното осигурување е што со склучувањето договор ќе почувствувате олеснување знаејќи дека парите што ги ставате настрана ќе ве заштитат вас и вашите најмили во случај на несакани настани. Колку порано ќе почнете да размислувате за иднината и дел од парите ќе ги одвојувате за животно осигурување, толку полисата ќе биде поповолна, а собраните средства можат да ви послужат за најразлични цели: покомфорен живот, школување на децата, обнова на домот и др.
На осигурителниот пазар во последно време е актуелна и опцијата, преку полисата за осигурување на животот, истовремено да се вложува и во инвестициски фондови. Со ваква мудра инвестиција со еден производ добивате животно осигурување и можност за дополнителен принос од вложување во удели во инвестициски фондови. Освен заштедата што се добива по истекот на полисата во сума која е договорена и загарантирана, корисникот преку вложените средства во инвестициски фонд може да добие и дополнителен износ.
Еден од предводниците на овој тип осигурување кај нас е Кроациа, при што компанијата има воспоставено соработка со неколку инвестициски фондови. Оттаму средствата, во име на клиентот, се вложуваат во удели, а изборот кој фонд ќе биде наменет за инвестирање на средствата зависи од самиот клиент. Осигурувањето на животот поврзано со инвестициските фондови ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ на Кроациа осигурување нуди можност за принос со умерен ризик. Притоа, сами може да изберете колкав дел од премијата ќе насочите на осигурување на животот, а колкав во инвестицискиот дел од премијата, кој е директно врзан за цената на уделите на избраниот инвестициски фонд.
Овој тип осигурување е наменет за вложувачите што се подготвени да прифатат распределба на ризикот преку комбинирано/балансирано вложување во инвестициски фондови со цел остварување повисок очекуван принос на вложените средства и вложување во осигурување на животот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување гарантирана осигурена сума. Станува збор за временски и просторно неограничено осигурување. По истекот на рокот на осигурувањето ви се исплаќа делот што бил вложен во избраниот инвестициски фонд по цена на уделите на фондот во тој момент, како и осигурената сума од договорената полиса.
Траењето на осигурувањето кај ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ може да биде од 10 до 25 години, а се опфаќаат лица на возраст од 14 до 65 години. Плаќањето може да биде месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно, минималната премија при еднократна уплата е 2500 евра, додека минималната премија при повеќекратна уплата изнесува 300 евра.