Ако на паметниот телевизор, часовник и апарат за кафе им треба друштво, нема да го пронајдат во форма на паметен тостер што нема можност за далечинско управување и поврзување со мрежа.
Постојат уреди кои не се променети многу низ историјата, а еден од нив е тостерот. Уредот со еден, два или повеќе отвори за леб што е изложен на топлина за печење не нуди многу простор за подобрување. Или сепак нуди!?
Што овој тостер го прави паметен?
Додавањето екран на допир во боја со многу различни опции и поставки не го прави тостерот автоматски паметен. Настрана што ваквите тостери, освен што тостираат леб, имаат и можност за подготовка на други видови храна како пецива, вафли или пици. Секако, за сето тоа потребни се посебни додатоци кои обично не доаѓаат со основниот производ, така што цената на еден ваков тостер може да достигне цена на неколку специјализирани апарати за домаќинство.
Revolution донесува револуција?
Паметниот тостер Revolution InstaGLO R270 сака на корисниците да им овозможи супериорно искуство на тостирање на 34 видови леб и персонализирано домашно мени со опција за брзо избирање на најчесто приготвените видови храна.
За жал, бидејќи нема можност за поврзување на мрежата, нема да може да прима ажурирања со нови опции или подобрен кориснички интерфејс. Поврзано со тоа, кога е исклучен, го покажува времето, па иако и на тој начин сака да биде практичен, подобро би било да понуди можност за објавување, на пример, фотографии од галеријата на паметниот телефон (јасно, за такво нешто би морало да се овозможи спојување на некој начин).
Со овој тостер можете да подготвите појадок, ручек и вечера, па дури и десерти. За некој кој сака да го има сето горенаведено во еден уред, тоа е логичен избор. Останатите треба да чекаат овој тостер да стане уште попаметен во некоја следна верзија.
Дали вреди сето овва 400 евра во основната изведба? Одговорот ќе го знае секој за себе.