Подобрено безбедно прелистување, функција во Chrome која нуди споделување „URL“-адреси за одржување на база на податоци за потенцијално злонамерни сајтови, доаѓа во верзијата на прелистувачот за iOS
Споменатата функција досега беше достапна за Android и десктоп верзиите на прелистувачот Chrome, но сега Google посочува дека ќе стане достапна за iPhone и iPad со следната верзија на iOS.
Покрај безбедносната надградба, Google ја подобри и функцијата за преведување вградена во прелистувачот, исто така за платформата iOS. Напредниот модел за идентификација на јазикот попрецизно ќе препознае кога корисникот посетува сајт со друг јазик, кој треба автоматски да се преведе.
Се подготвуваат и некои промени во корисничкиот интерфејс за iOS. Chrome Actions, функција која ви овозможува да пристапите до опциите како што се бришење на историјата на пребарување и отворање инкогнито картички со пишување (или гласовно пишување) содржина во лентата за адреси.
Google исто така ги потсетува корисниците дека е можно автоматски да внесуваат зачувани лозинки за која било апликација за iOS во Chrome. Функцијата е достапна од октомври минатата година.


