Huawei на неодамнешниот медиумски настан во Истанбул претстави два нови смартфони – Nova Y90 и Nova Y70, кои му припаѓаат на средниот сегмент на пазарот. Уредите ги краси голем екран, силна батерија и Snapdragon чипсет.
Предниот панел на Huawei Nova Y90 го покрива 6,7-инчен LCD дисплеј, со Full HD + резолуција. Поддржува стапка на освежување од 90 Hz и има селфи камера од 8 MP сместена во отвор во центарот на горниот дел.
Главната камера од 50 MP (f / 1.8) е сместена на задната страна, заедно со макро од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Камерите се сместени во овална испакнатост, заедно со LED блиц.
Новиот Y90 модел се напојува со батерија од 5000 mAh, со поддршка за SuperCharge од 40 W, а компанијата тврди дека телефонот може да се наполни до 50% за 30 минути.
Huawei Nova Y90 launched in global market #News #Huawei https://t.co/MNVK1wFFF9
— Huawei Latest Updates (@HuaweiUpdates) June 25, 2022
На полето на софтверот, уредот користи EMUI 12 интерфејс, но не се споменува на која верзија на Andrida се базира. Поддржан е дистрибуиран фајл систем преку Huawei Computer Manager.
Huawei Nova Y90 има само една варијанта, со 8GB RAM и 128GB простор, а го покренува Snapdragon 680 чипсетот во LTE варијантата.
Huawei не ја објави цената и достапноста на телефонот, кој ќе биде достапен во опциите на бои: Crystal Blue, Pearl White, Emerald Green и Midnight Black.