Безжичното полнење е веќе долго време присутно кај паметните телефони, но некако отсекогаш било „дополнителна работа“ на која многумина не обрнувале внимание. Причината за тоа се главно брзините кои не беа ни блиску до класичните полначи, но делумно и достапноста. За Vivo, брзината никогаш не била проблем, а овој втор проблем ќе биде решен наскоро. Компанијата Vivo објави дека нивниот безжичен полнач од 50 W FlashCharge наскоро ќе биде достапен на европскиот пазар. Тука секако се вклучени и земјите од нашиот регион, бидејќи Vivo неодамна и официјално пристигна и во нашата држава.
Цената за македонскиот пазар се уште не е позната. Во Индија се продава за околу 70 долари, што значи дека веројатно може да очекуваме слична цена и овде. Тестовите покажаа дека се работи одличен полнач и дека вентилаторот е многу тивок. Исто така, уредно ги полни и другите смартфони кои го поддржуваат Qi стандардот со моќност од 15W.
Главните карактеристики на полначот се следите:
- 50% траење на батеријата за 23 минути. Моќно вертикално безжично полнење FlashCharge од 50 W
- Ефикасно воздушно ладење и интелигентен тивок режим
- Qi стандардот поддржан со висока компатибилност за полнење на безжични уреди
- Повеќекратни заштити за полнење за безбедна употреба