Фотографии направени од Lunar Reconnaissance Orbiter на NASA открија локација на необичен кратер на површината на Месечината. Станува збор за кратер настанат како последица од удар на дел од ракета.
Кратерот е необичен бидејќи всушност станува збор за два кратери кои се преклопуваат. Источниот кратер има пречник од 18, а западниот од 16 метри и заедно прават отпечаток широк 28 метри.
Иако по ударот астрономите го очекуваа ударот, двојниот кратер сепак претставува изненадување за нив. Истиот покажува дека објектот имал голема маса на двата краја кога удрил во Месечината.

Точното потекло од ракетното тело, дел од вселенскиот отпад што се наоѓа во вселената со години, засега не е познат. Сепак, кратерот може да им помогне на научниците повеќе да дознаат за него.
За првпат парче вселенски отпад ненамерно удри во Месечината, а научниците да знаат за тоа. Некои кратери се резултат од намерен удар на летала.
Првично се сметаше дека во Месечината ќе удри дел од ракетата Falcon на SpaceX лансирана во 2015 година, па потоа беше соопштено дека станува збор за дел од кинеска ракета, но Кинезите ја отфрлија оваа теорија.


