Европската вселенска агенција (ESA) ќе спроведе големо ажурирање за вселенското летало Mars Express, што ќе овозможи големи подобрувања во научните способности на ова летало.
Мисијата за истражување на вселената Mars Express беше лансирана на 2 јуни 2003 година, од кога леталото ја истражува орбитата на Црвената планета. Леталото работи во орбитата повеќе од 19 години и го користи инструментот MARSIS (Mars Advanced Radar for Subsurface and Ionospheric Sounding) за истражување на површината на Марс.
Инструментот е создаден и базиран на платформата Windows 98, а според ESA, претстојната надградба на софтверот драстично ќе ги подобри перформансите на антената и приемот на сигналот, обработката на податоците и конзистентноста на податоците испратени на Земјата.
„Се соочивме со голем број предизвици за да ги подобриме перформансите на MARSIS. И не само затоа што софтверот MARSIS првично беше дизајниран пред повеќе од 20 години и ја користи околината на Microsoft Windows 98“, објаснува Карло Нена, софтверски инженер кој помага во ова надградба.
ESA не објави која верзија на Windows ќе добие леталото Mars Express, но се претпоставува дека тоа нема да биде Windows 11. Особено ако се земе предвид староста на хардверот што го користи леталото.
Според наводите, ажурирањето на софтверот ќе му овозможи на Mars Express да „види“ под површината на Марс и неговата месечина Фобос подетално од кога било досега.