Аналитичарот Минг-Чи Куо сугерира дека Apple ќе го претстави својот уред за мешана реалност, кој нуди комбинација на проширена и виртуелна реалност, во јануари 2023 година.
Куо во својот извештај истакнува дека овој уред е најкомплицираниот производ што Apple некогаш го дизајнирал, но дека неговата најава би можела да помогне во брзиот раст на дисплеите кои се носат на глава.
Ова секако не гарантира дека уредот ќе биде пуштен во продажба во јануари. Плановите на Apple би можеле да се променат, но најважниот момент од конкретниот месец на објавувањето сугерира дека Куо има голема доверба во своите извори.
Според Куо, овој уред на Apple ќе направи огромна разлика на пазарот, односно како што се наведува, уредот ќе биде „game changer“.
Многу претходни извештаи сугерираа како AR/VR би можел да функционира. Наводно ќе работи како самостоен уред, кој нема да мора да биде поврзан со компјутер. Може да има до 14 камери за следење на движењето.
Ќе го покренува процесор сличен на Apple M1 чипот, а не се знае дали ќе има вградена батерија или ќе се носи на телото на корисникот.



