Апликацијата Hangouts на Google ќе биде затворена наесен, соопшти компанијата.
Google објави дека ќе започне да ги префрла корисниците на Hangouts на Chat пред апликацијата да стане недостапна по ноември оваа година. Оние кои go користат Hangouts ќе видат известување и препорака да се префрлат на посебнаta апликација Chat или Chat experience во рамките на Gmail.
„Hangouts е заменет со Google Chat“, се наведува во известувањето.
Преку Gmail, Google нема да почне да ги повикува корисниците на Hangouts да се префрлат до јули. Веб-клиентот на Hangouts ќе остане достапен до ноември, а Google истакна дека корисниците ќе имаат најмалку еден месец предупредувања пред веб-страницата на платформата да започне автоматски да ги пренасочува корисниците на Chat.
Google им вети на корисниците на Hangouts и дека разговорите автоматски ќе бидат префрлени на понова апликација, а услугата Takeout може да се користи за преземање копија од податоците.
Google веќе некое време постепено го укинува брендот Hangouts во корист на своите понови услуги за размена на пораки, па не е изненадување што компанијата конечно одлучи да ја укине платформата. Hangouts никогаш не уживаше огромна популарност како некои други апликации за допишување, но сепак имаше свои верни фанови.