Microsoft во својата најнова иницијатива го предложи и промовираше Edge како најдобар веб-прелистувач за гејмери.
За да ги потврди своите наводи, Microsoft имплементираше некои нови функции во Edge. Меѓу нив е почетната страница која ги нуди најновите информации за игри.
Исто така, постои и можност за лесно лансирање на наслови на Xbox Cloud Gaming, Clarity Boost, нова конфигурација за режимот на ефикасност и странична табла за пристап до секојдневните игри како Microsoft Solitaire.
Clarity Boost овозможува да се изостри играта што се стримува, за да изгледа дека има подобар квалитет на сликата. Edge Efficiency Mode ги исклучува другите процеси во прелистувачот, со цел да ги насочи ресурсите кон гејмингот.
Покрај тоа, Microsoft веќе тестира калкулатор вграден во Edge, потоа алатка која ја тестира брзината на Интернет и програма за конверзија на единици. Судејќи според се, Microsoft го гледа Edge повеќе како оперативен систем отколку како интернет прелистувач.
Дополнително, Edge DevTools има подобрена 3D View алатка за визуелизација на проблемите во веб-развојот, а има и иновации за секторите Edge Canary и Dev.
Edge 103 влезе во стабилен канал и доби автоматски промени на профилот, промени на сертификатот на клиентот, подобра безбедност и други функции.