Новите рендери на претстојната графичка картичка Nvidia RTX 4090 Ti Founders Edition се појавија на интернет, а ги објави каналот Moore’s Law is Dead.
Популарниот YouTube канал и дојавувач на информации од светот на технологијата, ни понуди увид во RTX 4090 Ti проводникот на топлина. Тој е во согласност со претходните информации и покажува дизајн кој има повеќе ребра за проводник на топлина во споредба со RTX 30 серијата.
Покрај тоа, графичката карта ја краси голем 3,5-слотен дизајн, како и целокупна естетика на дизајнот слична на постоечката серија на графички картички RTX 30 Founders Edition на Nvidia.
Moore’s Law is Dead тврди и дека Nvidia планира да издаде големи количини графички картички од RTX 40 серијата оваа есен, а партнерите на компанијата веќе подготвуваат RTX 40 GPU модели со проводници на топлина со четири и 4,5 слотови.
Ова има смисол бидејќи RTX 40 серијата би требало да има големи барања кога станува збор за напојувањето. На таквите системи им е потребен дизајн со куќишта кои нудат добра спроводливост на воздухот.
Графичките картички од Nvidia RTX 4090 серијата се очекува да бидат поголеми, со висока потрошувачка на енергија, во однос на претходната генерација, што значи дека протокот на воздух и управувањето со топлината на нив ќе бидат поважни од кога било.


