Според досегашните информации, се чини дека Xiaomi 12S и 12S Pro нема да претставуваат претерана надградба во споредба со обичните модели од серијата 12 на компанијата.
Додека многумина со нетрпение го чекаат моделот 12 Ultra, Xiaomi се чини дека работи и на 12S и 12 Pro уредите, кои наводно треба да бидат претставени веќе следниот месец. Станува збор за модели кои ќе го задржат препознатливиот дизајн на серијата 12 на компанијата, а кои ќе го имаат потписот на Leica под главната камера.
Популарниот дојавувач, Мукул Шарма објави на Twitter дополнителни детали за Xiaomi 12S и 12S Pro, тврдејќи дека стандардниот модел ќе доаѓа во дури три конфигурации – 8/128 GB, 8/256 GB и 12/512 GB.
Двата телефонa ќе се напојуваат со Snapdragon 8+ Gen 1 на Qualcomm, додека 12S Pro дополнително ќе доаѓа во верзија со MediaTek Dimensity 9000 чипсет и во конфигурација од 8/256 GB или 12/512 GB. Покрај тоа, Pro моделот треба да има брзо полнење од 120 W.
Освен новиот чипсет и потписот на Leica под камерата, засега не е познато каква друга надградба ќе претставуваат Xiaomi 12S и 12S Pro во споредба со обичните 12 и 12 Prо модели. Се шпекулира дека корисниците би можеле да добијат и официјален IP сертификат, но сè уште ништо не е сигурно.


