Советот на ЕУ денеска даде зелено светло за продолжување на користењето на дигиталните сертификати за Ковид-19 до 30 јуни 2023 година.
Проширувањето на оваа регулатива ќе обезбеди дека патниците од ЕУ, како и оние од трети земји поврзани на системот, ќе може да продолжат да го користат дигиталниот сертификат за патување во рамките на Унијата во земјите членки, каде што овие сертификати и понатаму се потребни.
Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува дека дигиталниот сертификат за К0вид-19 одигра важна улога во овозможувањето слободно движење на луѓето за време на пандемија и дека регулативата може да се укине порано доколку тоа го дозволи здравствената состојба.
Иако во поголем број земји членки употребата на дигиталните ковид-сертификати во моментот не е задолжителна за слободно патување, поради зголемениот број на заразени и хоспитализирани поради вирусот Sars-Cov2, тој би можел да се врати во употреба за патување во Европа во наредниот период.
