WWDC дојде и помина на почетокот на јуни, го видовме новиот M2 процесор и новата генерација на MacBook Air компјутери, но недостасуваа голем број хардверски иновации. Сепак, Apple сигурно има што да и претстави на јавноста оваа година, барем според деталите на порталот TheVerge. Еве преглед на сето она што компанијата го подготвува за оваа есен.
Нови Mac компјутери
Што се можеме да очекуваме од Apple наесен? За почеток, тука се новите Mac компјутери. Според познатиот аналитичар Марк Гурман, би можеле да видиме неколку нови компјутери со М2 чип. Некои од нив би требало да бидат:
- Mac mini со M2 и M2 Pro процесор.
- MacBook Pro со екрани од 14 и 16 инчи со M2 Pro и M2 Max процесори
- Mac Pro со M2 Ultra и M2 Extreme процесори
iPhone 14 серија
Веќе некое време се зборува за карактеристиките на iPhone 14 уредите, а наесен конечно ќе ги дознаеме точните карактеристики на оваа серија телефони. Кај Pro моделите најверојатно ќе видиме нов A16 Bionic процесор и Always-on дисплеј, како и нови, подобрени камери со повисока резолуција, најверојатно 48 MP. Наместо досегашниот класичен засек во екранот, се очекува да има punch-hole отвор за предната камера и засек во облик на пилула за FaceID сензорите.
iPad новитети
Што се однесува до таблет компјутерите, според Марк Гурман, најверојатно наесен ќе се појават iPad Pro моделите со дисплеи од 11 и 12,9 инчи, кои во себе ќе го имаат новиот M2 процесор. Дополнително, се очекува нов „основен“ iPad со A14 процесор, поддршка за 5G, поголем 10,5-инчен екран и USB-C порт.
Паметни часовници
Оваа есен не очекуваат не еден, туку три паметни часовници на Apple. Прв меѓу нив е Apple Watch Series 8, потоа тука е новата серија SE, додека компанијата најверојатно ќе претстави посебен модел на паметен часовник наменет за употреба при екстремни спортови. Гурман наведува дека S8 процесорот кој треба да се најде во овие паметни часовници нема да донесе драстични разлики во перформансите во однос на минатогодишните модели.
Безжични слушалки
Го очекуваме и новиот модел на AirPods Pro слушалки со нов чип, подобрени драјвери и понапредно активно намалување на шумот. Покрај тоа, овие слушалки би можеле да донесат поддршка и за “lossless” аудио формати. Значи, многу работи се крчкаат, а колку ќе биде вкусни ќе видиме наесен.