Мултинационалниот производител на автомобили Stellantis најави инвестиција од 50 милиони евра во германскиот производител на литиум Vulcan Energie Ressourcen за да обезбеди суровини за поголемо производство на батерии.
Најавата за инвестицијата „е важна порака од еден од најголемите светски производители на автомобили во трансформацијата кон одржлива и стратешка екстракција на суровини за батерии“, изјави извршниот директор на германската компанија Хорст Кројтер.
Vulcan Energie Ressourcen произведува геотермална енергија во рамнината на Горна Рајна и планира да произведува литиум хидроксид, клучна компонента на батериите за електрични возила, без фосилни горива и со нето неутрално влијание врз климата.
Компанијата со седиште во Карлсруе е основана во 2020 година и е германска подружница на австралиската групација Vulcan.
„Стратешката инвестиција во водечка компанија за литиум ќе ни помогне да создадеме еластичен, одржлив синџир на вредност за нашето европско производство на батерии за електрични возила“, вели извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес.
Компаниите го продолжија договорот од 2021 година за уште пет години, до 2035 година. Vulcan има намера да испорача од 81.000 до 99.000 тони литиум хидроксид на Stellantis во период од 10 години.