Основачот и извршен директор на Nothing, Карл Пеи продолжува да споделува детали за идниот прв телефон на компанијата, Nothing phone (1). Веќе видовме како ќе изгледа уредот кој ќе биде претставен на 12 јули, а сега дознавме и каков чипсет ќе користи.
Моделот ќе биде позициониран во средната класа, базиран на Snapdragon 778G + чипсет. Ова не е изненадување, бидејќи пред извесно време паметниот телефон се појави во базата на податоци на Geekbench со ваков чипсет.
Компанијата наведува дека во овој случај се направени посебни подобрувања на чипсетот, кои се ексклузивни за Nothing phone (1), како што е можноста за безжично полнење и обратно безжично полнење. Карл Пеи открива дека овој чипсет е избран поради неговите перформанси, малата потрошувачка на енергија и цената.
Во меѓувреме, цените на телефонот се појавија на германскиот сајт на Amazon. Верзијата со 8GB RAM и 128GB простор за складирање во Европа ќе чини 470 евра, а верзијата со 12GB + 256GB е со цена од 550 евра.