Компанијата Atari оваа година го слави својот 50. роденден, а најновиот сопственик планира да го прослави овој јубилеј со објавување на колекција која обединува пет децении игри.
Atari 50: The Anniversary Celebration ќе вклучува повеќе од 90 наслови, покривајќи ги конзолите Atari 2600, 5200, 7800, ST, Jaguar и Lynx.
Покрај тоа, Atari го ангажираше Digital Eclipse, студио кое ќе го надгледува проектот (познато по проектите The Disney Afternoon Collection и Street Fighter 30th Anniversary Collection).
Atari сè уште ја нема објавено целосна листа на игри кои ќе се појават во компилацијата, но покрај бројните класици, колекцијата ќе содржи и шест нови игри, кои се ретро-инспирирани.
Еден од нив е продолжението на играта Haunted House од 1981-ва година за Atari 2600. Haunted Houses ќе има модерна 3D графика и нови нивоа кои играчите ќе можат да ги истражуваат.
The Atari 50: The Anniversary Celebration ќе чини 40 долари и пристигнува подоцна во оваа година на платформите Xbox, PlayStation, Switch, PC и Аtari VCS.