Апликации за слушање радио станици кои ја стримуваат својата програма дефинитивно не недостасува, а ова е уште една која се обидува да си го најде своето место во прилично жестоката конкуренција. Преземена е повеќе од 50 милиони пати на Android, а тоа само по себе може да значи нешто…
Плаќањето претплата за добро познатите музчичи стриминг услуги дефинитивно не е единствениот начин за уживање во музиката, а меѓу најпопуларните бесплатни начини за уживање музика во секое време е да се потпрете на апликација која ви овозможува да слушате интернет радија.
Понудата тука е прилично дарежлива, а Simple Radio е само уште една апликација од ваков вид што се обидува да ги најде своите лојални корисници во прилично жестоката конкуренција. Преземена е повеќе од педесет милиони пати, а со висока просечна оцена, јасно е дека оваа апликација има многу што да понуди.
Најпрвин, овозможува пристап до повеќе од 50 илјади радио станици кои ја емитуваат својата програма во повеќе од 200 земји низ светот, а сè е претставено преку пријатен и едноставен интерфејс. Се разбира, покрај многуте светски радија, има и домашни, а посебно е корисно што станува возможно да се пребарува по име, град, земја или жанр на музика.

Simple Radio поддржува стримингна Chromecast, радио станиците може да се додадат во фаворити за да им се олесни пристапот подоцна, а има и уште неколку други ситници. Иако Simple Radio не е полн со можности, тоа е токму она што многу луѓе всушност го ценат со оваа апликација, па на оние кои се склони кон функционален минимализам сигурно ќе им се допадне.
Основната верзија на апликацијата е бесплатна, но затоа се прикажуваат реклами. Тие можат да се решат со купување на Premium верзијата, за која треба да се плати годишна претплата од 3 евра, а со која се добива тајмер кој ќе биде корисен за оние кои сакаат да заспијат додека слушаат музика или радио програма.
Мобилната апликација Simple Radio може да се преземе бесплатно преку Google Play на Android и App Store на iOS, но премиум претплатата чини 3 евра.


