Компанијата Snap најави дека го воведува нивото на претплата во својата популарна апликација Snapchat. Претплатничкото ниво ќе се вика Snapchat+ и ќе понуди неколку ексклузивни функции на претплатниците кои ќе одлучат да го користат.
Нивото на претплата на популарната апликација доаѓа во време кога компанијата бележи малку помали приходи, а Snap пред неколку месеци сподели песимистички прогнози за тековниот квартал од оваа година.
Иако новата услуга за претплата е дел од стратегијата на Snap да стекне нов извор на приходи, Џејкоб Андреу, постар потпретседател на Snapchat за производи, не очекува дека нивото на претплата ќе стане примарен извор на приходи за компанијата.
Компанијата naveduva дека Snapchat+ е наменет за најстрасните членови на Snapchat. Се наведува дека Snapchat+ ќе понуди „колекција на ексклузивни и експериментални функции“, вклучително и опција да закачите (pin) на пријател како svoj BFF во делот за чет. За жал, платените корисници нема да имаат можат за исклучување реклами во апликацијата, што е сосема неприфатливо, со оглед на цената на претплатата, бидејќи другите социјални мрежи ги исклучуваат рекламите во претплатничките нивоа. Затоа, одлуката на Snap е донекаде нејасна.
Snapchat + моментално ќе биде достапен во неколку земји: САД, Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Австралија, Нов Зеланд, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, а во следните месеци ова ниво на претплата ќе се прошири и во други земји .
Цената на услугата Snapchat+ ќе изнесува 3,99 долари месечно.