Vivo планира наскоро да ги лансира своите флегшип паметни телефони, кои наводно ќе работат со Dimensity 9000+, најмоќниот чипсет на MediaTek досега
MediaTek минатата недела го претстави Dimensity 9000+, својот најмоќен чипсет досега, кој треба да послужи како еден вид одговор на Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1.
Бидејќи станува збор за чипсет направен за врвните смартфони, се „шпекулира“ дека Dimensity 9000+ треба да се најде во претстојната Vivo iQOO 10 сериј , која наводно ќе ја види светлината на денот следниот месец, пишува GSM Arena.
Во споредба со неговиот претходник, потсетуваме дека 4-нанометарскиот Dimensity 9000+ им донесува на корисниците пет проценти зголемување на перформансите на процесорот, 10 проценти зголемување на графичките перформанси и подобрувања во обработката на фотографии и 5G модем.
Најмоќниот чипсет на MediaTek добива зголемување на брзината на Cortex-X2 јадрото од 3,05 GHz на 3,2 GHz. Дополнително, сè уште ја задржува истата поставка 1 + 3 + 4 со три Cortex-A710 јадра и четири високоефикасни Cortex-A510 јадра. Подобрениот графички процесор Mali-G710 MC10 е задолжен за графичките перформанси.
Покрај новиот Dimensity, iQOO 10 Pro наводно треба да пристигне со најголема брзина на полнење во светот од дури 200 W. Повеќе информации ќе бидат достапни во следните недели.