Годинашниот Глобален форум за никотин, кој се одржа во Варшавa, собра специјалисти и медиумски делегати од целиот свет со надеж дека ќе одговорат на голем број прашања кои ја мачат трансформацијата на тутунската индустрија.
Тема на форумот беше „Tobacco Harm Reduction – Here for Good“, а се однесуваше на намалувањето на штетноста преку употреба на побезбедни никотински производи, кои можат да стават крај на ерата на „пушењето“, односно ерата на класичното консумирање тутун.
Иако во годините зад нас имаме повеќе милиони страници официјални научни истражувања за помалата штетност на тутунските алтернативи, планетата и натаму има над милијарда корисници на традиционални тутунски производи.
Лобирањето на фармацевтските компании, нечувствителноста на светските лидери во однос на даночните политики, како и општата неинформираност на јавноста се само дел од проблемот поради кој сè уште на пазарот не доминираат технолошки супериорните производи. Сепак, главната причина за неприфаќањето на најновите научни достигнувања е елементарното непознавање на разликите помеѓу никотинот и чадот од тутун – односно недостигот на знаење дека чадот ги предизвикува повеќето болести поврзани со консумацијата на тутун.
Ниту една од трите главни причини за болеста не е поврзана со никотинот
Главниот двигател на консумацијата на тутун е никотинот – хемикалија која предизвикува зависност. Сепак, според д-р Судханшу Патвардан (Велика Британија), од трите главни причини за заболувањата од пушење (рак на белите дробови, COPD и кардиоваскуларни болести), сите три првенствено настануваат порадидиректната изложеност на белите дробови на канцерогените материи во чадот од тутунот.
Ниту една болест, додава тој, не настанува исклучиво од никотин. Покрај тоа, никотинот може да има корисен ефект врз нашето тело.
„Никотинот ги забрзува невролошките одговори, ја намалува трансмисијата при невролошки стрес, поради што се смета за биофазен модулатор. Може да стимулира будност, но да ја намали анксиозноста и престимулацијата. Можеби ова е причината зошто луѓето со стресни професии пушат повеќе од оние кои работат помалку стресни работи. Ова би го објаснило фактот зошто процентот на пушачи е поголем кај популацијата која живее во посиромашни услови. Се верува дека никотинот им помага на луѓето под стрес да ги држат под контрола промените на расположението“, рече Патвардан.
За жал, како што додава, потенцијалите од никотинските бенефити се моментно во втор план поради тутунскиот чад.
Тој додаде дека, иако никотинот има поволни дејства, за непушач никогаш не е добра идеја да почне со консумација на тутунски производи. Меѓутоа, пушачите дефинитивно, како што изложи на панелот, би требало да размислат на премин на помалку штетни алтернативи.
Алтернативите даваат резултати
Рикардо Полоса, професор по интерна медицина на Универзитетот во Катанија во Италија, ги сподели резултатите од студијата што ја спроведе во Институтот за истражување за намалување на штети, во која пациентите користеле алтернативни тутунски производи.
Имено, од 19.353 корисници, дури 14.409 изјавиле дека се чувствуваат значително подобро отколку во периодот кога користеле традиционални цигари, 85% почувствувале подобрување во дишењето, а 73 проценти изјавиле дека имаат поголема издржливост.
„Кај испитаниците кои во текот на истражувањето користеле само алтернативи на класичниот тутун, по само пет недели е забележан многу помал интензитет на кашлање, а голем број корисници речиси целосно престанале да кашлаат. Спроведовме и интензивни физички тестови, а апсолутното мнозинство на луѓето подложени на истражувањето, покажаа значителни подобрувања, како во силата и времетраењето на тренингот, така и во самиот капацитет на белите дробови“, изјави Полоса.
Полоса ги сподели и резултатите од истражувањето на јапонскиот пазар по популаризацијата на тутунските алтернативи..
„За само четири години, со растот на корисниците на IQOS и други алтернативи на тутун, продажбата на класични тутунски производи се намали за дури 34 проценти“, рече тој.
Никотинот помага при когнитивни нарушувања
Д-р Пол Њухаус, директор на Центарот за когнитивна медицина при Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт, го претстави истражувањето за никотинот како терапевтски ефект за когнитивните нарушувања.
Зборувајќи за резултатите од бројните, повеќегодишни студии, Њухаус на учесниците на панелот им покажа дека стимулацијата на никотинските рецептори го прави мозокот поефикасен, а пациентите кои биле подложени на студијата функционирале понормално и покрај намалената активност во когнитивните активности.
„Додавањето никотин кај пациентите кои претходно не реагирале на антидепресивно лечење, брзо го подобрило расположението и ги намалило симптомите до нормала. „Никотинскиот рецептор ја подобрува активноста и ефикасноста, ги намалува активностите на делување и го оптимизира вообичаениот режим на активност до подобрување на голем број когнитивни функции, како што се вниманието, работната и епизодната меморија кои му овозможуваат на мозокот да учи и да планира поефикасно“, рече Њухаус.
Лидерите да ја слушаат науката
Во 2020 година и почетокот на 2021 година беше спроведено глобално истражување во кое учествуваа над 100.000 луѓе од 113 земји. Според Вилијам Стјуарт, претседател и основач на „Повадоо“, компанија за истражување на јавното мислење, донесени се два главни заклучока – довербата во науката е зголемена и луѓето не се сигурни дека нивните влади ги спроведуваат советите на научниците.
„Лидерите мора да слушаат и да покажат дека го делат светското јавно мислење дека науката може да ги реши светските проблеми на фер и еднаков начин за сите жители на нашата планета“, рече Стјуарт.
Тој додаде дека друго големо истражување на 45.000 луѓе од 22 земји заклучило дека апсолутното мнозинство од возрасните веруваат дека одлуките кои влијаат на општеството и јавното здравје мора да ги носат експерти, а не политичари.
„Тие рекоа и дека лидерите мора да ги обликуваат законите врз основа на научни прописи и факти за да бидат во чекор со технолошкиот напредок и иновациите. „Луѓето сакаат факти, а образованието е критично, особено кога станува збор за теми кои се нови, сложени и помалку разбирливи“, истакна Стјуарт.
Дезинформациите и недостатокот на информации, додава Стјуарт, се опасна комбинација.
„Кога луѓето немаат информации, тие се поподложни на дезинформации. Намалувањето на ризикот од тутун е вистински пример. Во анкетата што ја спроведовме минатото лето, речиси половина од пушачите погрешно веруваа дека електричните цигари и производите што го загреваат тутунот се исто штетни или поштетни од класичните цигари. На прашањето зошто не се префрлиле на алтернативи, третина одговориле дека немаат информации за електричните цигари. „Ова истражување покажало збунетост на јавноста кога станува збор за производите без чад, што доволно зборува за важноста на едукацијата за ова прашање“, рече Стјуарт.
Како што заклучи Стјуарт, недостатокот на едукација предизвикува креирање погрешни политики.
„Ми се чини дека најголемиот проблем е недоволното разбирање на улогата на никотинот. За да видиме значајни промени на полето на намалување на штетноста на тутунот, мора да обезбедиме што е можно повеќе научно релевантни податоци и пошироко да ја едуцираме јавноста по ова прашање“, заклучува Стјуарт.