Instagram вложува многу напори за да му конкурира на TikTok, а дел од тоа е и новиот потег на социјалната мрежа.
Почна да тестира една значајна промена, а тоа е секоја објавено видео на Instagram да стане Reels. Целта на оваа промена е да привлече што поголема публика на Instagram и на Facebook.
„Ја тестираме оваа функција како дел од напорот да го поедноставиме и унапредиме искуството на гледање видеа на Instagram“, порачаа од Meta.
Instagram започна со Reels во август, 2020 првично во САД и бележи напредок со овој краток формат на видеа. Во компанијата се надеваат дека видеата ќе бидат погледани благодарение на поголемата достапност, видео ефекти, музика и слично.
Засега не е познато дали промена ќе доживеат досега објавените видеа.