Apple е компанија која во своите реклами сака многу да ги фали сопствените производи, често и премногу, што на некој начин е симпатично. Новата реклама за Apple Watch Series 7 ни посочува дека новата генерација на часовници на Apple може да издржи многу повеќе од просечниот часовник: сериозни удари, падови, истурање, потопување, различни температури и секакви временски услови.
Apple вели дека часовникот од 7. генерација е „најиздржливиот Apple Watch досега“. Малку ни е сомнително дека е во прашање најава за нова отпорна верзија на Apple Watch, за која веќе некое време неофицијално се зборува.
Како што вообичаено се случува, најпродуктивниот настан на Apple редовно се одржува во септември, кога ја очекуваме iPhone 14 серијата телефони, но и нови часовници, таблет уреди, лаптопи и многу повеќе.
Што би се рекло, доволно време за уште повеќе неофицијални информации, протечени куќишта за смартфони и се друго што можете да замислите од инсајдерските извори на Apple. Во меѓувреме, уживајте во 98 секунди забава за новата генерација на Apple Watch 7.