Првиот „личен стерео“ уред, наречен Sony Walkman, се појави во продавниците на 1 јули 1979 година.
Продажбата на Walkman започнува во Јапонија, а уредот тогаш чинел 33.000 јени или 150 долари. Две години претходно е изграден неговиот прототип Sony Pressman, кој бил дизајниран за новинари.
Класичниот уред Walkman, кој користи касети, е прекинат во 2010 година. Дотогаш се продадени повеќе од 400 милиони уреди, од кои половина биле класични модели.
Со својот изглед, Sony Walkman воведе сосема нова култура на слушање музика „секаде, во секое време“.