Raspberry Pi претставува наследник на минатогодишниот микроконтролер Pico од 4 долари, кој компанијата сама го дизајнираше.
Новиот модел на микроконтролер се нарекува Pico W. Во суштина е истиот хардвер, со додаток на 802.11n Wi-Fi радио поддршка, што уредот го прави корисен за IoT и слични проекти. Новиот уред е поскап од стандардниот Pico модел и чини шест долари.
Поскапувањето од 50 проценти не е незначително (особено за оние кои планираат да купат голем број од овие микроконтролери), но е разбирливо. Ибен Аптон, извршен директор на Raspberry Pi, истакнува дека додавањето радија на производите е многу скапо. Од друга страна, истакнато е дека Pico со цена од четири долари ќе продолжи да се продава.
Безжичната врска е додадена во Pico преку Infineon CYW43439 чипот. Истиот чип поддржува и Bluetooth, но од Raspberry Pi истакнуваат дека поддршката во моментов не е активирана.
Иако врската од 2,4 GHz 802.11n изгледа старомодна во споредба со денешниот Wi-Fi 6E, треба да се забележи дека Pico W не е создаден за да биде десктоп компјутер кој сурфа на интернет – тој е примарно креиран за да контролира други електронски или хардверски уреди .
Raspberry Pi ги претстави и Pico H и Pico WH, кои во споредба со Pico и Pico W имаат дополнителни пинови и debug конектори и чинат повеќе.