Денес претставниците на медиумите имаа можност одблизу да го запознаат CyberDog, четвороножниот робот кој е воедно и пионер на роботиката на компанијата Xiaomi. На присутните им беа презентирани бројните команди и напредни функции кои овој робот ги поседува, а се реткост за јавноста на нашите простори.
Дел од функциите што ги фасцинираа присутните беа гласовните команди кои на сопственикот на CyberDog му овозможуваат да постави зборови за будење или едноставно да ја користи неговата апликација за далечински управувач и паметен телефон. Токму заради овие функции Xiaomi CyberDog е еден вид домашен миленик од нова генерација. Сопственикот може да го повика за различни задачи, но и да ги користи многубројните можности за комуникација.
Екстерниот интерфејс на CyberDog е исто така богато развиен. Поседува 3 приклучни порта тип C и еден HDMI порт, што на корисниците им овозможува слобода да истражуваат и интегрираат широк спектар на иновативни и креативни хардверски додатоци или софтверски системи, како светло за пребарување, панорамска камера, камера за движење, LiDAR и многу други.
Овој храбар чекор на Xiaomi кон истражување на технологијата на иднината е инспириран од живите суштества, а е резултат на посветената работа и експертизата на инженерите на компанијата. CyberDog е калибриран со интерно развиени серво мотори кои на роботот му даваат голема брзина и широк спектар на движења. Со максимален излезен вртежен момент и брзина на ротација до 32 N•m/220 вртежи во минута, CyberDog може да изведува серија движења со голема брзина до 3,2 m/s и комплицирани дејства, како што се превртувањa наназад.
Мозокот на роботот го води суперкомпјутер со вештачка интелигенција на NVIDIA Jetson Xavier NX платформа. За своите сопственици, CyberDog беспрекорно ги обработува масивните податоци што ги складира во својот сензорски систем.
За да може целосно да ги имитира живите организми, CyberDog е опремен со 11 сензори со висока прецизност кои обезбедуваат моментална повратна информација што му помага да се движи. Ова вклучува сензори за допир, камери, ултразвучни сензори, GPS модули и многу други, кои му даваат на CyberDog зголемена способност да ја почувствува, анализира и да комуницира со околината.