Баш како што беше најавено, Xiaomi денеска ја претстави Xiaomi 12S серијата памегтни телефони. Најскапиот член од оваа серија е Xiaomi 12S Ultra, кој треба да биде најдобриот телефон на Xiaomi оваа година.
На денешното претставување, Извршниот директор на компанијата Леи Јун истакна дека со текот на годините, Xiaomi инвестирал многу во фотографските можности на своите паметни телефони. Во 2017 година беше создаден посебен оддел за камери. Ова е причината зошто компанијата Xiaomi доминира во DXOMark резултатите во различни категории неколку години по ред
Според него, партнерството со Leica донесе сериозна предност и заедничка соработка која значително ги подобрува камерите на смартфоните на Xiaomi. Новите телефони имаат Xiaomi AI Image Solution 2.0, што овозможува подобра интеграција помеѓу хардверот и софтверот.
Наместо само еден, Xiaomi претстави три телефони од серијата 12S: Xiaomi 12S, Xiaomi 12S Pro и Xiaomi 12S Ultra. Во споредба со iPhone 13, Xiaomi 12S Pro има речиси 30% подобро траење на батеријата, а Xiaomi 12S Ultra речиси е израмнет со шампионот за автономија на батеријата, iPhone 12 Pro Max.
Snapdragon 8+ gen 1 е новиот чипсет што ќе ја напојува целата серија Xiaomi 12S, со своите 12 милијарди транзистори, гарантирајќи врвни перформанси и енергетска ефикасност. Бројките велат дека има за 10% подобри перформанси на процесорот и графичкиот процесор во споредба со Snapdragon 8 генерација 1 (Xiaomi 12). Xiaomi 12S има компактен екран од 6,28 инчи кој овозможува лесно користење со една рака и водечки карактеристики.
Xiaomi 12S Ultra
Xiaomi 12S Ultra се одликува со импресивен сензор за главната камера од 50,3 MP, со димензии од 1 инч. Станува збор за IMX989 сензорот на Sony, кој ги испорачува најголемите индивидуални пиксели од 3,2 µm во својот 4-во-1 режим од 12,5 MP.
Камерата е креирана со соработка со компанијата Leica, која го дизајнираше софтверот за оптика и обработка на фотографии. Овој сензор доаѓа со поддршка за 8P, што ги решава проблемите со светлината. Има и премаз со мастило за рабовите на објективот, како и инфрацрвен филтер. Германската компанија нуди два фотографски стила на овој телефон – „Leica Authentic Look“ и „Leica Vibrant Look“. Овој првиот има за цел да ја направи фотографијата што е можно поприродна, фокусирајќи се на контрастот на светлината и сенката, како и на длабочината. Тука се и Leica филтрите – Vivid, Natural, BW Natural и BW High Contrast.
Покрај овој ултрамоќен сензор за главната камера, Xiaomi 12S Ultra има и ултраширок сензор Sony IMX596 од 48 MP, како и телефото сензор од 48 MP и поддржува OIS. Телефонот може да снима JPEG или висококвалитетни HIEF 8-битни фајлови, како и 10-битни DNG RAW фајлови.
Во однос на видеото, Xiaomi 12S Ultra е првиот Android телефон што поддржува Dolby Vision HDR снимање. Поддржува и снимање видео во 8K резолуција.
Смартфонот поседува 6,73-инчен E5 Super AMOLED екран со резолуција од 3200 x 1440 пиксели со поддршка за AdaptiveSyncPro, која варира од 1Hz до 120Hz. Телефонот има батерија од 4860 mAh со поддршка за брзо полнење од 67 W, безжично полнење од 50 W и реверзибилно полнење од 10 W, што ја зголемува нејзината издржливост.
Уредотѕ се напојува со новиот чип Snapdragon 8+ Gen 1, поврзан со 8GB или 12GB RAM и 256GB или 512GB UFS 3.1 простор за складирање. Xiaomi 12S Ultra може да се пофали и со иновативен 3D механизам за течно ладење.
Телефонот има и стерео звучници со Harmon Kardon сертификација и поддршка за Dolby Atmos, а работи на Android 12 оперативниот систем и MIUI 13 интерфејс. Има и IP68 сертификат.
Цената на Xiaomi 12S Ultra изнесува околу 950 евра, за верзијата со 8/256 GB. Верзијата со 12/256 GB чини околу 930 евра, додека најмоќната верзија од 1/512 GB чини 1.145 евра. За жал, телефонот нема да биде достапен надвор од Кина.
Официјалното претставување на Xiaomi 12S серијата можете да го погледнете подолу.