Повеќето возачи со Android телефони се потпираат на Android Auto во нивните автомобили, доколку ако е поддржан Android Auto. Постои голема разлика помеѓу проектирање на вашиот паметен телефон на екранот на вашиот автомобил и возило со Android или Android Automotive.
За оние кои не знаат, Android Automotive е комплетен оперативен систем кој се наоѓа на автомобилот, додека Android Auto е можноста вашиот автомобил да проектира функционалности и апликации од вашиот телефон на екранот. Слично како кога имате можност да споделите YouTube видео на телевизор или кога телевизорот има Android оперативен систем кој се справува со целиот паметен дел.
Android Automotive станува се попопуларен кај производителите на автомобили, па од 2023 година и BMW ќе се најде на листата на компании кои го поддржуваат. Секако, BMW ќе има своја верзија на корисничкиот интерфејс, која како основа ќе го користи Android Automotive. Ова е голема промена во однос на претходните Linux верзии на оперативните системи кои сега се вградуваат во автомобилите на BMW од поновата генерација.
BMW официјално потврди дека ќе се префрли на Android Automotive, но засега се знае тоа нема да се случи пред март 2023 година, а производителот ќе објави листа на поддржани автомобили.
Главната предност на Android Automotive оперативниот систем е неговата флексибилност и опции за прилагодување. Надвор од вградените Google апликации како што се Play Store, Maps и Assistant, не очекувајте BMW веднаш да го прифати изгледот и чувството на Android. Овој производител речиси сигурно ќе направи преодно решение кое нема да отстапува премногу од сегашниот Linux OS.
Ќе нагласиме и дека BMW е една од компаниите која малку поконзервативно пристапи кон соработката со компании како Google. Од летото 2020 година, BMW го воведе Android Auto како опција, по долгогодишната поддршка за CarPlay.