Samsung ја претстави Galaxy S22 серијата во вториот месец оваа година. Беа претставени три модели, но најголемо внимание привлече Galaxy S22 Ultra, кој всушност претставува ребдендиран Note модел. Овој потег на Samsung изгледа беше одличен, со оглед на продажбата на Galaxy S22 Ultra телефонот.
Во најновиот извештај се наведува дека Samsung досега има продадено повеќе од 11 милиони Galaxy S22 Ultra телефони. Оваа бројка е далеку над најпродаваниот телефон Galaxy Note досега. Samsung Galaxy Note 8 беше продаден во над 10 милиони примероци, но Galaxy S22 Ultra за само половина година веќе ја надмина таа бројка. Samsung Galaxy S22 Ultra всушност пристигна како наследник на Galaxy Note 20 Ultra телефонот, а не на Galaxy S21 Ultra.
Досега немавме конкретни извештаи за бројот на продадени Galaxy S22 телефони. Samsung во својот извештај за првиот квартал оваа година наведе дека мобилниот оддел на компанијата постигнал завидни резултати. Samsung објави дека заслугата за годишниот пораст на продажбата и оперативната добивка на мобилната дивизија ја има Samsung Galaxy S22 серијата, која беше претставена на почетокот на оваа година. Samsung конкретно го спомена Galaxy S22 Ultra, што открива дека овој уред е најпопуларниот од триото Galaxy S22.
Дека Galaxy S22 Ultra е исклучително популарен, потврди и извештајот за водечкиот пазар на телефони во Индија. Гледајќи ги флегшип смартфоните на јужнокорејската компанија, најскапиот член на Galaxy S22 серијатабеше убедливо најпродаван во Индија во текот на третиот месец. Смартфонот учествуваше со дури 74% од вкупната продажба на флегшип телефони во третиот месец на конкурентниот индиски пазар на паметни телефони.
Samsung Galaxy S22 Ultra – Најдобар Android смартфон на пазарот!

