Huawei на домашниот пазар ја претстави Nova 10 серијата смартфон. Беа објавени два модели – Huawei Nova 10 и Huawei Nova 10 Pro. Овие два уреда нудат слични спецификации, но секако и некои предности кои ги нуди Pro моделот.
Двата смартфони имаат OLED екрани, а Pro моделот има малку поголем дисплеј (6,78 инчи), за разлика од обичниот модел кој има екран од 6,67 инчи. И двата поддржуваат Full HD+ резолуција и доаѓаат со стапка на освежување од 120 Hz. Обичниот модел има отвор во горниот дел од екранот со предна камера од 60 MP, додека Pro моделот има засек во облик на пилула во горниот лев агол на екранот, во кој се наоѓа истиот сензор од 60 MP, како и портрет сензор од 8 MP.
На задната страна, камерите се идентични. Тие вклучуваат f/1.9 главен сензор од 50MP, ултраширок сензор од 8MP F/2.2 и сензор за длабочина од 2MP. Камерите се наоѓаат во овален исечок.
Кога станува збор за батериите, обичниот модел има батерија од 4000 mAh со поддршка за брзо полнење од 66 W, додека пак Pro моделот има батерија од 4500 mAh со поддршка за брзо полнење.
Huawei Nova 10 и Nova 10 Pro ги покренува Snapdragon 778G 4G чипот на Qualcomm, поврзан со 128GB и 256GB внатрешна меморија. Телефоните се испорачуваат со HarmonyOS 2 оперативниот систем.
И двата модела се достапни во црна, сребрена, зелена и виолетова боја. Цените на телефоните се следни:
- Huawei Nova 10 (128 GB) – 400 долари
- Huawei Nova 10 (256 GB) – 450 долари
- Huawei Nova 10 Pro (128 GB) – 550 долари
- Huawei Nova 10 Pro (256 GB) – (600 долари