Европската вселенска агенција (ESA) сака да испрати Европеец на Марс пред 2040 година, пренесува агенцијата дпа. Во својот стратешки документ, агенцијата со седиште во Париз тврди дека Европа ќе биде дел од првата мисија на Марс со екипаж, во соработка со други агенции.
За време на подготовките за таа мисија на Црвената планета, претходно ќе бидат унапредени експедициите без екипаж, објави ESA, додавајќи дека се разгледуваат сите достапни опции за лансирање на Марс.
ESA сака да ја преземе улогата на пионер во пренесувањето на товар на таа планета, но и во одржувањето живот на неа, се наведува во документот.
ESA е основана во 1975 година, а денес во неа учествуваат 22 земји-членки.