Минатата недела беше откриено дека следниот флегшип смартфон на Motorola, моделот X30 Pro ќе има камера со три фокусни должини, што е невообичаено. Тоа се 35мм, 50мм за телефото и 85мм, повторно за телефото.
Сега генералниот менаџер на мобилната дивизија на Lenovo во Кина, Чен Џин, откри дека уредот ќе има сензор од 1/1,22 инчи. За споредба, тој е помал од сензорот од 1 инч што се користи во Xiaomi 12S Ultra. Тоа е исто така во согласност со големината на 200-мегапикселниот Samsung ISOCELL HP1 сензор, за кој се шпекулира дека ќе дебитира со X30 Pro.
Се очекува дека моделот ќе користи Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет, 6,67 инчен OLED дисплеј со фреквенција на освежување од 144 херци и батерија со капацитет од 4500 mAh и брзо полнење до 125 вати.