Центарот на Лондон ќе биде првата област која ќе биде покриена со одржливи испораки. Пакетите ќе се доставуваат пеш до вратата на купувачот или со мали електрични карго велосипеди
Индустријата за транспорт и достава е една од оние кои најмногу ја загадуваат животната средина, а кога градовите, како Лондон, ќе решат да воведат зони со ултра ниска емисија во нивниот центар, време е и компаниите за испорака да се прилагодат. Така, Amazon почнувајќи токму од Лондон ќе почне да ги покрива центрите на европските градови со доставна мрежа оја се карактеризира со еколошка работа. Првиот „хаб“ на електрична микромобилност во доставата ќе покрива неколку лондонски населби, каде што се планира да се вршат повеќе од пет милиони испораки годишно на поеколошки начин.
Електрични камиони и велосипеди во Лондон
Оваа работа доставувачите на Amazon ќе ја извршуваат или со електрични карго велосипеди или пеш. Со тоа ќе бидат заменат голем број испораки, кои вообичаено би биле направени од класични комбиња за испорака. Покрај тоа што ќе има значајно влијание врз животната средина, префрлањето на пешаци и велосипедисти наместо комбиња ќе има и позитивен ефект врз намалувањето на сообраќајниот метеж во срцето на Лондон, велат од Amazon.
По Лондон, флотата на „чисти“ возила за испорака во следните месеци ќе се прошири во уште неколку британски градови (Манчестер, Коалвил, Хејдок, Бристол, Милтон Кејнс). Покрај електричните велосипеди, доставите таму ќе почнат да се вршат и со целосно електрични 37-тонски доставни камиони, кои ќе ги заменат дизелите со споредлива големина.
Сите овие напори, заедно со најавеното опремување на логистичките центри на Amazon со соларни панели, се насочени кон глобалната стратешка цел на компанијата: да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 50% до 2030 година и да стане нето јаглеродно неутрална компанија до 2040 година. Кога станува збор за премин на обновливи извори на енергија, целта од 100% ќе биде постигната во Велика Британија уште во 2025 година, пет години пред првичниот план.