Apple се подготвува оваа есен да ја претстави својата iPhone 14 серија смартфони. Досега имавме можност да слушнеме разни гласини за претстојните уреди, а последно што се појави е за цените на телефоните. Гласините не носат добри вести за корисниците, бидејќи наводно цените на моделите на iPhone 14 би можеле да претрпат „драстични“ промени.
Ако се оди според планот, iPhone 14 серијата ќе дебитира во деветтиот месец од оваа година и ќе ја наследи серијата iPhone 13 која беше претставена во септември минатата година.
Според извештајот на Bloomberg, еден од снабдувачите на материјали за iPhone предупредува дека може да има значително зголемување на цените на iPhone оваа година. Снабдувачот истакнува дека веќе се евидентирани различни зголемувања на трошоците за материјали, а се очекува цената на iPhone оваа година да биде повисока во однос на претходните години. Како причина се наведуваат голем број економски предизвици со кои се соочува индустријата за полупроводници.
Во извештајот се наведува дека цените на различните материјали се зголемиле во неколку наврати оваа година, а главната причина за ова зголемување е влијанието на Ковид-18 врз синџирот на снабдување. Покрај пандемијата, војната во Украина е и една од причините за поскапувањето. Овој проблем, наводно, би можел да биде поправен следната година, но наводно нема да ја заобиколи iPhone 14 серијата.
Наводно, снабдувачите биле принудени драстично да ги зголемат трошоците, кои понатаму ќе бидат пренесени на крајните клиенти.
iPhone 14 | iPhone 14+
– A15 Bionic
– 6.1 | 6.7 inch 60hz Amoled Display
– 12/12mp back cameras
– 128/256gb/512gb storage & 6gb ram
– 3,279 | 4,325mah battery
– Face ID
– iOS 16$799 | $899 pic.twitter.com/39oKPCJHxr
— Anthony (@TheGalox_) June 28, 2022
Популарен дојавувач на Твитер исто така објави информации за iPhone 14, iPhone 14 Plus/Max, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, со главните спецификации, но и можните цени на овие модели. Дојавувачот @TheGalox_ истакнива дека iPhone 14 и iPhone 14 Plus ќе чинат 799 и 899 долари, додека iPhone 14 Pro ќе има цена од 1099 долари. Најскап ќе биде iPhone 14 Pro Max, кој е најмоќниот модел во понудата и во својата основна верзија ќе чини 1199 долари.
Остануваат уште околу два месеца до претставувањето на iPhone 14 моделите, па оваа информација мораме да ја земеме со одредена доза на резерва. Секако, во следните денови ќе имаме се поконкретни и проверени информации за новата серија на iPhone.