Есента минатата година, Google ја претстави својата Pixel 6 серија паметни телефони. Објавени беа Pixel 6 и Pixel 6 Pro и овие смартфони се соочија со големи проблеми. Се чини дека корисниците на овие уреди се прилично разочарани и Google би можел да изгуби завиден процент од нив.
Иако Pixel 6 и Pixel 6 Pro се соочија со многу проблеми, продажбата на овие телефони беше рекордна. Американската компанија на почетокот на оваа година објави дека Google Pixel 6 серијата поставила рекорди во продажба за еден квартал.
Сепак, според истражувањето на Trending Platforms, Google Pixel телефоните ја губат популарноста во САД. Ова истражување открива дека дури 36% од сопствениците на Pixel уредите размислуваат да го напуштат Google како производител на паметни телефони и да се префрлат на друг бренд.
Иако Google изјави дека продажбата на телефонот е рекордна, истражувањето на Trading Platforms покажува дека продажбата на Pixel 6 серијата не поминала многу добро кај операторите.
Сè на сè, заклучок е дека Google навистина ги влоши работите со овие два телефони, бидејќи проблемите со нив се појавуваа буквално секоја недела. Pixel 6 серијата имаше проблеми со екранот, скенерот за отпечатоци, брзината на полнење, а секако еден од најбизарните проблеми беше кога корисниците на овие два телефони пријавија дека нивните уредине можат да ја завршат основната задача да ѕвонат кога ќе пристигне дојдовен повик. Корисниците потоа пријавија дека повиците едноставно биле тивко одбиени, испраќајќи го повикувачот директно на говорната пошта.