iPhone 14 моделите кои не се Pro и натаму ќе се испорачуваат со постари процесори.
Како што се приближуваме до презентацијата на следната генерација на iPhone уредите кои ќе бидат објавени на медиумски настан во септември, на интернет се појавуваат се повеќе и повеќе информации, вклучително и информациите донесени од познатиот дојавувач и аналитичар Минг-Ши Куо.
Според информациите од „сигурни извори“ со кои располага Куо, следниот iPhone ќе доаѓа со нов A16 процесор, но според неговото тврдење, тоа ќе важи само за iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max моделите, додека стандардните iPhone 14 модели ќе продолжат да ги користи постоечките Apple A15 чипови, кои најверојатно ќе пристигнат со некои оптимизации.
Овој пресврт на Apple јасно ни кажува дека ако сакаме најнов и најмоќен хардвер, треба да ги избереме Pro моделите, додека во спротивно ќе добиеме процесори од постарата генерација на новите iPhone 14 телефони, иако тие би можеле да бидат малку надградени и оптимизирани за новата серија уреди.