Национална аеронаутичко-вселенска администрација на САД, (NASA) тврди дека Русија ја користи Меѓународната вселенска станица за политички цели, конкретно за поддршка на војната во Украина.
NASA преку соопштение го осуди искористувањето на Меѓународната вселенска станица од страна на Русија за политички цели односно за „поддршка на специјалната воена операција на Русија во Украина“.
Тоа е во целосна спротивност со основната цел на станицата – поттикнување на науката и заедно уште 15 држави да развива технологии за мирни цели, се наведува во соопштението на NASA.
Но, не е прецизирано на што реагира NASA, додека според американските медиуми најверојатно реакцијата е поради тоа што претходно руските космонаути на Меѓународната вселенска станица ги истакнаа знамињата на самопрогласените народните републики Доњецк и Луганск. На тој начин, тие го одбележале ослободувањето на Луганската народна република.