Пратениците во Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови одлучија нуклеарната енергија и природниот гас да се означат како „зелена“ енергија, што според Washington post е будно следена одлука која би можела да ја обликува климатската политика во годините кои доаѓаат.
Станува збор за климатската рамка позната како “ЕУ таксономија”, која има за цел да ги насочи инвестициите кон проекти кои се во склад со целта на 27-члениот блок да биде климатски неутрален до 2050-та година.
Во февруари, пред почетокот на рускиот напад на Украина, Европската комисија претставила план природниот гас и нуклеарната енергија да се класифицираат како “преодни зелени инвестиции во одредени околности”, што предизвикало жестока полемика.
Пет месеци подоцна, глобалната енергетска криза се интензивираше, па европските законодавци ги отфрлиле забелешките на предложените правила и со 328 гласа “за” и 278 “против” го усвоиле предлогот на ЕК.
Реакцијата на критичарите била моментална. Во салата се слушнало “свиркање” кога бил прочитан резултатот од гласањето во седиштето на парламентот во Стразбур, наведува “Washington post”.
Организацијата за заштита на животната средина “Greenpeace” ја нарекла одлуката на Европскиот парламент “валкана политика”.
Во средиштето на дебатата имало прашање дали електраните на гас и нуклеарките некогаш, под било кои околности, би можеле да се сметаат за одржливи или зелени извори на енергија.