Годинешново истражување е веќе во тек и досега има повеќе од 2.200 одговорени анонимни анкети од страна на вработените во повеќе ИТ компании во земјава. Мапирањето ќе трае до 23:59 часот на 10 јули, 2022 година
Во 2019-та година, порталот за информатичка технологија ИТ.мк спроведе обемно истражување во кое беше детално анализирана оваа актуелна индустрија во Македонија. Одговорите дојдоа од македонските програмери, дигитални маркетери, графички дизајнери и други професионалци кои споделија какви технологии и платформи користат, какви им се критериумите и условите за работа, како и просечните нето примања (плата + хонорарно) и очекувањата во однос на работните места. Истражувањето од 2019-та може да се погледне на следниот линк.
Две години подоцна, порталот го повторува двомесечното истражување со цел детална анализа на напредокот на локалниот ИТ пазар и талент. Се разгледуваат истите, но и дополнителни критериуми, со цел да се добие уште појасна слика за индустријата на сегашноста и иднината. Ова истражување ќе помогне за разбирање на локалниот ИТ пазар од повеќе аспекти, а информациите кои ќе произлезат од него се клучни и за ИТ компаниите, невладините организации, но се корисни и за кариерно усмерување на новиот ИТ кадар.
Годинешново истражување е веќе во тек и досега има повеќе од 2.200 одговорени анонимни анкети од страна на вработените во повеќе ИТ компании во земјава. Мапирањето ќе трае до 23:59 часот на 10 јули, 2022 година и порталот ИТ.мк ги повикува сите ИТ професионалци да ја пополнат анонимната анкета на следниот линк, со цел да придонесат кон креирање детална слика за состојбата во ИТ индустријата. Резултатите ќе бидат јавно споделени на почетокот на септември 2022 година.
Како и во 2019-та година и сега истражувањето е анонимно. Годинава, во студијата се вклучуваат и Data Masters за уште потемелна обработка на податоците.
Приклучете се тука.