Сопствениците на бродови сега ќе можат да се поврзат на Starlink интернет услугата на SpaceX додека пловат на отворено море.
Според SpaceX, Starlink Maritime хардверот зафаќа малку простор и доаѓа со држач што лесно се инсталира. Услугата имплементира end-to-end енкрипција за да ги заштити податоците и доверливоста на корисничкиот сообраќај, пренесува CNET.
Но, сето ова доаѓа со одредена цена. Се плаќа еднократна такса од 10.000 долари за две сателитски антени со високи перформанси, потоа 5.000 долари месечно за услуга од 350 Mbps. За споредба, редовната Starlink услуга чини 599 долари за антената, заедно со 110 долари месечна претплата за интернет.
Starlink for boats! https://t.co/BQujU8Ngna
— Elon Musk (@elonmusk) July 7, 2022
Илон Маск призна дека Starlink Maritime има „премиум цени“, но рече дека тоа е делумно затоа што пакетот бара дополнителен терминал со високи перформанси што е „важен за одржување на поврзувањето во немирно море и силните бури“.
SpaceX сподели мапа на која се прикажани областите на покриеност на Starlink Maritime. Светло сината лента ја покажува моменталната достапност, додека потемните ленти значат дека услугата ќе започне кон крајот на оваа година или почетокот на следната година.
Маск во мај откри дека Starlink сега има 400.000 претплатници во 36 земји, што е повеќе од 250.000 во февруари. SpaceX го лансираше Starlink во октомври 2020 година.
Од неодамна, сателитската интернет-услуга на SpaceX наречена Starlink е достапна и во Македонија. Доколку сакате да го користите сателитскиот интернет, ќе треба да платите 39.700 денари за хардверот, односно сателитската чинија и рутерот, додека доставата и монтажата чинат 3.650 денари. Месечната претплата, според податоците наведени на веб-страницата на Starlink, Македонците ќе ги чини 6.570 денари месечно.