Ирскиот регулатор за приватност на податоците презеде нов чекор во пресудата што може да предизвика главоболки за Meta и да ја принуди да го промени начинот на работа. Барем кога станува збор за Европа.
Имено, ирскиот регулатор Data Protection Commission (DPC) уште во 2020. година издаде привремена одредба, со која ги блокира механизмите што Meta ги користи за пренос на податоците на европските корисници во САД. Одлуката е донесена по истрагата покрената со објавата на Едвард Сноуден, дека податоците лоцирани на серверите на американските компании биле лесно достапни за американските разузнавачки служби. Исто така, одлуката е донесена откако високиот европски суд го прогласи за ништовен договорот наречен „Safe Harbour, со кој се овозможува таква практика.
По таа првична пречка, ЕУ и САД се обидоа да постигнат договор што ќе го наследи „Safe Harbour“, но преговорите заглавија, а размената на податоци беше ставена во мирување. Одлуката на DPC може целосно да ја блокира размената на податоци меѓу ЕУ и САД, да ја оневозможи употребата на Facebook и Instagram за корисниците во Европа и да ја принуди Meta (како и бројни други компании кои користат американски сервери) да ги чува овие податоци на серверите во Европа во иднина. Интересно, корисниците на WhatsApp, апликација која исто така е во сопственост на Мета, не би требало да ја почувствуваат оваа блокада, бидејќи како што објаснуваат од DPC, тие податоци се обработуваат поинаку.
Во исто време, DPC ја продолжи својата истрага и оваа недела ги информираше другите европски регулатори за својата одлука Европските претставници на Одборот за заштита на податоци сега имаат еден месец да ја потврдат одлуката на DPC или да ја отфрлат. Доколку ja потврдат, граѓаните на ЕУ би можеле да останат без Facebook и Instagram какви што ги знаат, но и без бројни други услуги.
Проблемот е што одлуката не се однесува само на Meta, туку и на многу други европски компании што ги чуваат своите податоци, како и податоците на нивните европски корисници, складирани на сервери во САД.