Oткриен е безбедносен пропуст кој може сериозно да ја загрози безбедноста и приватноста на корисниците, како на Windows, така и на Android.
Google ги повика сите свои корисници кои го користат нивниот веб-прелистувач Chrome веднаш да ја ажурираат апликацијата на нивните уреди. Имено, откриен е безбедносен пропуст кој може сериозно да ја загрози безбедноста и приватноста на корисниците, како на Windows, така и на Android.
Иако Google не сакаше да прецизира за какви пропусти, тие најавија дека се свесни за нивното постоење и дека ќе ги објават деталите откако корисниците ќе имаат шанса да ги ажурираат своите системи и да се заштитат.
Познато е дека еден од пропустите се однесува на обработка на JavaScript, а другата на искористување на меморијата на уредот. Исто така, ранливоста беше откриена во проект со отворен код кој користи Chrome за комуникација во реално време помеѓу веб-прелистувачот и уредот.
Корисниците на Android можат да проверат дали ја имаат најновата верзија со посета на продавницата на Google Play на нивниот уред и проверка за достапни ажурирања.
Корисниците на Windows треба да го вклучат Chrome, да го изберат паѓачкото мени скриено зад трите точки во горниот десен агол и да кликнат на Settings, Help, а потоа на About Google Chrome. Во прозорецот ќе се појави информација дали Google Chrome е ажуриран на најновата верзија или дали ажурирањето ќе започне автоматски. По ажурирањето, неопходно е да се овозможи Chrome да се рестартира за да може ажурирањето да се примени.