Компанијата Xiaomi денеска конечно го претстави најевтиниот член од својата серија Xiaomi 12. Станува збор за телефонот Xiaomi 12 Lite, кој официјално е претставен за светскиот пазар. Цените на смартфоните сепак се нешто пониски од она што првично се шпекулираше, што секако е добра вест.
Xiaomi 12 Lite го покренува Snapdragon 778G чипсет на Qualcomm, кој доаѓа во комбинација со 6GB или 8GB работна меморија (RAM) и 128GB или 256GB внатрешен простор за складирање. Телефонот доаѓа со Android 12, обложен со MIUI 13 на Xiaomi.
Предниот дел на телефонот е покриен со 6,55-инчен AMOLED екран со брзина на освежување од 120 Hz. Телефонот доаѓа со поддршка за HDR10+ и Dolby Vision. Уредот има отвор во горниот централен дел на екранот и има предна камера со сензор од 32 MP. Се работи за GD2 сензорот на Samsung со отвор на бленда f/2.5. Под екранот е поставен скенер за отпечатоци.
На задната страна, Xiaomi 12 Lite има правоаголен модул, сличен на оној на Xiaomi 12 телефоните. Во него се сместени главниот 108 MP Samsung HM2 со отвор на бленда f/1.9, ултраширок сензор од 8MP (f/2.4) и макро сензор од 2MP.
Автономијата на телефонот ја обезбедува батерија од 4300 mAh со поддршка за брзо полнење од 67 W. Полначот доаѓа со телефонот во кутијата. Овој телефон е достапен во три бои – црна, розова и зелена и во три мемориски конфигурации.